вторник, 10 декември 2024

Трамп бара да се отфрли обвинението во Џорџија, тврди дека има претседателски имунитет

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се обидува да го отфрли обвинението поднесено против него во државата Џорџија за наводен обид за промена на резултатите од изборите во 2020 година, наведувајќи дека претседателскиот имунитет го штити од кривично гонење.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Обвинението во овој случај го товари претседателот Трамп за дела поврзани со неговите службени одговорности како претседател. Обвинението не може да се подигне поради претседателскиот имунитет и треба да се отфрли“, се вели во поднесокот од адвокатите на Трамп, според Си-ен-ен.

Во него се додава дека обвинението против Трамп е неуставно бидејќи, како што е наведено, претседателите не можат да бидат кривично гонети освен ако не бидат осудени или отповикани од американскиот Сенат.

Обвинението од речиси 100 страници, поднесено од обвинителството во Џорџија, ги товари Трамп и неговите соработници за кривични дела како фалсификување и изнуда, со цел промена на резултатите од претседателските избори на кои победи Џозеф Бајден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ