вторник, 22 октомври 2024

Трамп: Бајден и Камала Харис ја водат Америка кон Трета светска војна

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави и републикански кандидат на претстојните избори Доналд Трамп оцени дека владата на претседателот Џо Бајден, и особено потпретседателката и кандидатка на демократите Камала Харис, ја водат Америка кон Трета светска војна.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Кој преговара за нас на Блискиот Исток? Бомби паѓаат насекаде. Поспаниот Џо (Бајден) спие на плажа во Калифорнија, избркан од демократите, а неговата другарка Камала (Харис) оди на турнеја со автобус со Тампон Тим (Тим Волц, кандидат за потпретседател), нејзиниот навистина лош избор за потпретседател. Ајде да не се случи Трета светска војна, бидејќи во тој правец одиме“, порача Трамп на социјалната мрежа Икс.

Изјавата на Трамп доаѓа во момент на ескалација на тензиите на Блискиот Исток.

Израел во неделата почна серија воздушни напади на цели на Хезболах во јужен Либан, наведувајќи дека нападите се превентивни чекори за да се спречи Хезболах да лансира ракети и проектили на Израел.

Хезболах, од друга страна, соопшти дека во првата фаза на нападот испукал на Израел 230 проектили на северот на таа земја, како одговор на убиството на високиот командант на Хезболах Фуад Шукур на 30 јули во Бејрут.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ