сабота, 27 јули 2024

Трамп: Бајден е закана за американската демократија, мораме да го извлечеме од Белата куќа

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп се спротивстави на тврдењата дека неговиот можен реизбор во Белата куќа претставува егзистенцијален ризик за „американскиот начин на живот“, кажувајќи им на своите поддржувачи во американската држава Њу Хемпшир дека „неспособноста“ на американскиот претседател Џо Бајден е она што претставува вистинска закана за демократијата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп одржа говор во Манчестер пред предизборите кои почнуваат утре и кои би можеле дополнително да го зацврстат неговиот статус на најверојатен кандидат на републиканците кои во ноември ќе му се спротивстави на потенцијалниот кандидат на демократите Бајден.

„Тој е закана за демократијата“, кажа Трамп, додека зад него се наоѓаше огромен натпис „Бајден ја напаѓа демократијата“.

„Мораме да го извлечеме од Белата куќа. Знаете зошто тој е закана за демократијата? Поради неколку причини, а ја знаете главната? Тој е крајно неспособен“, го повтори Трамп обвинението кое го кажа во неколку наврати за време на кампањата да се врати во Белата куќа.

Поранешниот претседател на САД во октомври за упадот на Хамас во Израел ја обвини „смртоносната комбинација на неспособноста, радикализмот и слабоста“ на Бајден.

Трамп, кој се соочува со 91 обвинение во низа кривични случаи додека се бори за највисоката државна функција, ја обвини администрацијата на Бајден дека го користи правосудниот систем како оружје против него.

Додаде дека напорите на Бајден тоа да го направи го овозможуваат неговите „заштитници во медиумите на лажни вести“. Се чини дека овие коментари се однесуваат на тврдењата кои Бајден ги изнесе во Пенсилванија претходно месецов кога кажа дека Трамп намерава да ја „искорени демократијата за да обезбеди победа на изборите“.

„Дали демократијата и понатаму е света цел на Америка, тоа е она за што станува збор на изборите 2024“, кажа Бајден на 5 јануари. „Кампањата на Доналд Трамп е исклучиво за него, а не за Америка, не за вас. Кампањата на Доналд Трамп е опседната со минатото, а не со иднината. Спремен е да ја жртвува демократијата за да се доведе на власт“, кажа актуелниот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ