сабота, 27 јули 2024

Трамп: Бајден да направи когнитивен тест и ќе дознаеме зошто носи ужасни одлуки

Кандидатот за претседателска номинација на Републиканската партија Доналд Трамп изјави дека американскиот претседател Џозеф Бајден „мора да направи когнитивен тест“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Расипаниот Џо Бајден мора да направи когнитивен тест. Можеби така ќе успееме да откриеме зошто носи толку ужасни одлуки“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл.

Тој додаде дека самиот веќе направил два теста – „двата без грешка“.

„Сите претседатели или оние кои сакаат да станат претседател мора задолжително да го положат овој тест“, рече Трамп.

Критичарите на Бајден побараа поголема транспарентност од Белата куќа кога станува збор за неговото здравје, физичко и ментално, по неодамнешниот извештај на специјалниот советник Роберт Хур во кој, меѓу другото, се наведува дека американскиот претседател е „добронамерен постар човек со лошо памтење“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ