„Ви благодарам на сите, ова е одлично. Ова е движење што никој досега не го видел. Ова е најголемото политичко движење на сите времиња. Никогаш немало вакво движење во Америка. А сега ќе достигне ново ниво. Ќе ја излекуваме Америка. Ќе поправиме сѐ во нашата држава. Преминавме пречки за кои многумина мислеа дека е невозможно да се преминат. Ова е политичка победа каква што Америка не видела. Сакам да му се заблагодарам на американскиот народ за поддршката.“
„Ќе се борам за вас, вашите семејства, вашата иднина. Нема да застанам додека не постигнеме силна и просперитетна Америка. Ова ќе биде златна доба за Америка. Ќе ве направиме горди и среќни. Сакам еден ден да погледнете наназад и да бидете горди што гласавте за оваа група луѓе зад мене“, рече Трамп.
Тој вети дека ќе ги поправи границите, додавајќи дека тој и неговата партија испишале историја со причина. Сосема е јасно дека републиканскиот кандидат ова го користи како победнички говор, вели Би-би-си.
„Ова е величествена победа за американскиот народ, која ќе ни овозможи повторно да ја направиме Америка голема“, додава тој, користејќи го својот слоган од кампањата.
Трамп прогласи победа, иако сè уште официјално не ги постигнал потребните гласови од електорскиот колегиум.
Трамп ѝ се заблагодари на својата сопруга Меланија, нарекувајќи ја прва дама.
Тој ја пофали нејзината книга, велејќи дека таа го има „најголемиот бестселер во земјата“.
„Таа заврши одлична работа“, рече тој, додавајќи дека „работи многу напорно за да им помогне на луѓето“.
Тој, исто така, им се заблагодари на своите „неверојатни деца“, именувајќи ги еден по еден додека стојат на бината со него.