сабота, 27 јули 2024
МАКЕДОНЕЦОТ АТРАКТИВНО ЈА ЗАТРЕСЕ МРЕЖАТА

Трајковски постигна страшен гол од корнер, па искрено порача: Немав намера, помогна ветерот (ВИДЕО)

Александар Трајковски постигна страшен гол на тест натпреварот помеѓу Хајдук и МОЛ, Македонецот погоди директно од корнер, а потоа искрено порача дека погодокот е случаен.

Објавено на

часот

Сподели

Хајдук и МОЛ денеска одиграа тест натпревар на подготовките за вториот дел од сезоната, тимот од Хрватска на крајот славеше со 5-2.

Еден од погодоците беше дело на нашиот Александар Трајковски, кој постигна страшен гол директно од корнер.

Македонецот по крајот на натпреварот искрено порача дека немал намера да ја затресе мрежата.

„Немав намера, идејата беше силно да нафрлам, но ете со помош на ветерот постигнав гол од корнер“ – рече Александар Трајковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ