Хајдук и МОЛ денеска одиграа тест натпревар на подготовките за вториот дел од сезоната, тимот од Хрватска на крајот славеше со 5-2.
Еден од погодоците беше дело на нашиот Александар Трајковски, кој постигна страшен гол директно од корнер.
Aleksandar Trajkovski iz kornera za 4:2! 🙌🙌🙌 pic.twitter.com/bRcLAQU1Ny
— HNK Hajduk Split (@hajduk) January 12, 2024
Македонецот по крајот на натпреварот искрено порача дека немал намера да ја затресе мрежата.
„Немав намера, идејата беше силно да нафрлам, но ете со помош на ветерот постигнав гол од корнер“ – рече Александар Трајковски.