сабота, 27 јули 2024

Трајковски: Нѐ сметаат за фаворити, но тоа е нормално поради сѐ што направивме досега

Објавено на

часот

Сподели

Фудбалската репрезентација на Македонија во четврток од 18 часот гостува кај Бугарија во првиот меч од новата сезона во Лигата на нации.
 
Херојот на нашата селекција од мечот со Италија, Александар Трајковски вели дека ќе биде тешко да се одиграат четири меча за десет дена, но ова натпреварување треба да го сфатиме како пат до Европското првенство.
 
„Знаеме дека ќе биде напорно, но ние мора да го испочитуваме ова, сепак сме фудбалери и сите мора да сме фокусирани и да го дадеме максимумот. Знаеме како се пласиравме на Европското првенство, па сега ни се отвара нова шанса за да го повториме тоа и пак да одиме на едно големо натпреварување“, вели Трајковски.
 
„Нас нѐ сметаат за фаворити после сѐ што направивме и се ставаме во таа фаворитска улога, зашто со нашите резултати досека покажавме дека сме фаворити. Имаме сега мечеви на секој три дена, имаме доволен фонд и се надевам дека на крај ќе биде сѐ во најдобар ред. Секогаш е убаво млади играчи да влезат во репрезентацијата, од младата селекција, кои треба да се докажуваат и се надевам дека ќе го дадат својот максимум за оваа селекција“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ