сабота, 27 јули 2024

Трајковски: Да докажеме дека можеме да се носиме со селекции како Хрватска

Александар Трајковски смета дека дуелот со Хрватска ќе биде одличен тест за македонската репрезентација да го покаже својот квалитет.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија на 3. јуни во Ријека ќе одигра пријателски натпревар против Хрватска, а седум дена подоцна во Храдец Кралове против Чешка.

На последниот тренинг, во нашата најдобра селекција се приклучија напаѓачите Александар Трајковски, Милан Ристовски, дефанзивецот Ѓоко Зајков и голманот Столе Димитриевски.

„Хрватска е голема репрезентација и одличен тест за нас. Како и во минатото и сега треба да покажеме дека можеме да се носиме со вакви силни репрезентации. Но, исто така, ова ќе биде добра контрола и за Хрватска која се подготвува за Европско првенство и мислам дека ќе биде добар натпревар. Искрено, и јас и сите во нашата репрезентација веруваме во добар резултат. Ќе се обидеме и ќе го дадеме максимумот за да го постигнеме тоа. Едноставно да покажеме какви се нашите идеи и за натпреварите во септември во Лига на нации“, вели Трајковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ