Трајковска на верниците им го честита Божик, со желби за мир, љубов и заедништво.
„Додека божикната светлина силно продира низ темнината, чистотата на богомладенецот нека ја измие нашата душа, љубовта на божјата мајка нека се всели во секое срце и секоја твар со радост нека воскликне Христос се роди! Навистина се роди! Во светлината на рождеството христово, животот свој на Христа Бога да му го предадеме, а Бог нека нѐ укрепи да пребиваме во заедничка молитва и нека ни дава сили заеднички да стоиме на браникот на нашата света и соборна црква!“, вели директорката на КОВЗРГ во честитката.
Народе македонски православен, посочува Трајковска, да се сплотиме во единство, со вера и љубов меѓусебно.
„Да дозволиме љубовта на Христа Бога воплотениот нераскинливо да нѐ поврзе и да нѐ води кон светлата иднина на Македонија. А светлата иднина на Македонија се здрави семејства исполнети со љубов, меѓусебна почит и поддршка и многубројни поколенија на македонско тло. Драги браќа и сестри, да ги наполниме храмовите за Божик, со радост да си го честитаме празникот, да му покажеме на светот колкава вера и љубов во Македонија пребива и со достоинство да ја сочуваме домашната црква- семејството. На многаја лета рождество христово – Божик!“, вели директорката Трајковска во честитката.