Македонската берза ги објави двете решенија на Комисијата за хартии од вредност, со кои се утврдуваат како успешни понудите на „Тотал“ до сите преостанати акционери на двете струмички компании, за нивно целосно преземање, а за кои тој нудеше цена од 310 денари по акција.
Досега во „Герас Цунев конфекција“ Вице Заев, односно неговата компанија „Тотал“ поседуваше 73,3 отсто од акциите, а во „Герас Цунев трговија“ имаше 73,25 проценти. Трајче Заев пред продажбата во овие две компании имаше 22,5 и 22,14 отсто од акциите.
Сега Вице Заев е сопственик на 97,21 отсто од компанијата „Герас Цунев трговија“ и . 97,11 проценти во „Герас Цунев конфекција“.