вторник, 22 октомври 2024

Трајче Пеливанов е избран за виш скопски обвинител

Обвинителот Трајче Пеливанов, кој беше дел и од Специјалното јавно обвинителство, денеска од Советот на јавните обвинители е избран за виш скопски обвинител. Во скопското вишо обвинителство избрана е и обвинителката Наташа Сарамандова. За овие две места се пријавиле 16 кандидати.

Објавено на

часот

Сподели

На денешната седница беа донесени и одлуки да се распишат огласи за избор на обвинители во Државното и обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

За името на поранешниот обвинител во СЈО, Пеливанов, поврзан е и скандалот со наводната негова размена на пораки со избеганиот заменик директор на УЈП Исмет Гури и пиењето кафе со тогашниот директор на Финансиската полиција Муарем  Арафат додека траел претресот во оваа државна институција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ