вторник, 22 октомври 2024

Трајанов: Околу 400 дрвосечачи во „Национални шуми“ работат од канцеларија

Директорот на ЈП Национални шуми Здравко Трајанов во интервју за Рaдио слободна Европа обвинува дека претходната власт пред изборите вработила стотици луѓе на огласи за дрвосечачи, а кои сега седат во канцеларија. Тој вели дека претпријатитето било оставено со долг од 10 милиони евра и четири неисплатени плати на вработените, а шумите на милост и немилост.

Објавено на

часот

Сподели

Г-не Трајанов, сè уште има шумски пожари, а слушаме дека ЈП „Национални шуми“ е уништено и дека нема ресурси за гаснење. Дали и колку во моментов учествувате во гаснење на пожарите?

-За вашта констатација дека претпријатието е уништено, морам да се сложам дека тоа беше така кога дојдовме на работните места, јас како в.д. директор и мојот тим помошници директори. Претпријатието буквално беше оставено на стихија, имаше неисплатени четири плати, имаше огромни долгови, имаше блокирана сметка и опасност од многу наши соработувачи да бидеме исклучени: Такви беа Макпетрол во однос на горивото, Телеком во однос на телефонските услуги, ЕВН во однос на струјата и така натаму.

Изјавата дека претпријатието е уништано беше на директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, меѓутоа слушаме изјави во медиумите од вработени на национални шуми дека гаснат пожари во папучи?
-Вообшто не е точно. Имаше различни изјави во медиумите, меѓутоа одговорно тврдам дека со нашето доаѓање сите вработени во Ј.П. „Национални шуми“, особено тие што се задолжени за гаснење на пожари, а тоа се луѓе кои имаат поминато соодветна обука, кои ја знаат проблематиката на гаснење на шумски пожари, знаат каков тип на облека и опрема треба да поседуваат и се искусни, можеби и најискусни за гаснење на шумски пожари во државата, уште од првиот ден и првите пожари, ревностно, без никаков изговор, сите ги прифатија работните задачи и учествуваа во гаснењето на пожарите.

Со колку луѓе учествувате во гаснењето на пожарите?

-Бројката дневно се движи некаде од 80 до 140 вработени од нашето претпријатие кои секојдневно учествуваат во гаснењето на пожарите.

Спомнавте дека претпријатијето е во лоша состојба. Во каква финансиска состојба е претпријатието?

-Претпријатието е во очајна финансиска состојба, затоа што наследивме долг близу 10 милиони евра. Меѓутоа, според моите информации тој долг можеби ќе биде и поголем, затоа што верувале ли не, во дел од подружниците со кои раководам, воопшто не се прави книжење на целокупното финансиско работење и можеме да претпоставаме дека ќе има и дополнителни да речеме скриени финансиски импути кои ќе се на страна на загубата на претпријатието. Таквото недомакинско работење во суштина ни претставуваше проблем и во моментот. Овие денови добро е што ќе заврши ребалансот на буџетот. Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаше слух за потребите на нашето претпријатие. Видоа дека сериозна е работата со финансиската дупка и дубиоза која ја наследивме и во прв момент ќе добиеме помош од буџетот на Македонија, тоа се финансиски сретства за исплата на заостанатите плати со цел да можеме да ја деблокираме сметката на претпријатието и полесно да ги менеџираме сите останати обврски кон наши соработници: фирми со кои соработуваме и поажурно, по-редовно да ги извршуваме своите активности.

Премиерот Мицкоски вели дека во Национални шуми недостасуваат 5 милиони денари, а податоците од Министерство за финансии покажуваат дека од почетокот на годината немате неплатени обврски. Како ја објаснувате оваа ситуација?

-Во претпријатието едноставно ги нема парите со кои требало да бидат исплатени плати. Зашто сме доведени во оваква ситуација? Тоа треба да го одговорат властодавците од предходната власт. Тие дозволиле ваква ситуација Јавното претпријатие кое ступенисува со еден од најважните ресурси во државата, а тоа е дрвото. Прашањето е, зошто претходната власт, знајки го значењето на ова претпријатие, дозволило да биде со блокирана сметка. Блокираната сметка, предизвикала домино ефект: Неисплатени плати, неисплатени даноци, но и многу опасно немање на производство. Ова претпријатие се финансира од својата дејност и своите дејности. Тука доминантно е производството на сортименти од дрво.

Во таква ситуација претпријатието е блокирано и доведено во ситуација да на шести месец, наместо да имаме 350 000 м3 производство, претпријатието има одвај 90.000 метри кубни производство. Значи, еден проблем е загубите, втор проблем е уништеното производство. Останати проблеми кои се наталожени на предходните два, е тотална деморализација на работниците, штрајкови и ситуација да буквално шумата биде оставена на милост и немилост. Во таква ситуација сосема се логички обвинувањата дека овде се работило недомакински. Затоа што не може и не смее дрвото како ресурс, како категорија која е внесена во Уставот на Република Македонија да биде оставено вакан на стихија, на милост и немилост на сите криминалци кои харат околу шумарството во Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ