среда, 15 јануари 2025

Трагично заврши потрагата по исчезнатата Лидија, најдена е мртва во Вардар

Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково. Официјално, станува збор за исчезнатата Лидија Трајковска (43) од скопското село Јурумлери. Трајковска исчезна на 8 ноември минатата година. Тогаш последен пат била видена на автобуската станица во селото. Потрагата по неа траеше со месеци, а нејзиниот брат и сестра бараа и меѓународна помош за да ја пронајдат.

Објавено на

часот

Сподели

По повеќемесечна потрага, жената која исчезна во ноември минатата година, за жал, беше пронајдена мртва. Лидија (43) од скопското село Јурумлери беше последен пат видена на 8 ноември на автобуската станица во селото, а од тој момент семејството немаше никакви информации за нејзиното движење.

Нејзиното безживотно тело беше пронајдено пред неколку дена во водите на реката Вардар, во близина на Зелениково. Информацијата дека се работи за неа надлежните официјално ја потврдија. По сега починатата Лидија семејството и блиските неуморно трагаа, дури барајќи и меѓународна помош.

Потрагата која траеше неколку месеци заврши со најлошиот можен исход, односно смрт. Засега не се познати деталите за причините и околностите што довеле до овој трагичен настан, а надлежните институции продолжуваат со истрагата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ