Српските медиуми јавуваат дека во куќа во Петроварадин биле пронајдени тела на две деца на возраст од една и од три години.
Двојното самоубиство кое синоќа го потресе Нови Сад го извршиле М.П.С.(23), како и мажот Л.П.С. (21). Тие синоќа околу 22 часот влегле во зградата на булеварот Цар Лазар 7, се качиле на последниот 17 кат, ја скршиле стаклената врата и влегле на покривот, а потоа заедно скокнале во смрт, а според зборовите на станарите на повеќекатницата, тие не им биле соседи.
Телата на двајцата млади се испратени во Институтот за судска медицина, каде ќе се врши обдукција.