четврток, 26 декември 2024

Трагедија во Нови Сад, си ги убиле децата и скокнале од 17 кат

Млада брачна двојка од Нови Сад која синоќа се самоуби скокајќи од зграда, претходно си ги убила сопствените деца.

Објавено на

часот

Сподели

Српските медиуми јавуваат дека во куќа во Петроварадин биле пронајдени тела на две деца на возраст од една и од три години.

Двојното самоубиство кое синоќа го потресе Нови Сад го извршиле М.П.С.(23), како и мажот Л.П.С. (21). Тие синоќа околу 22 часот влегле во зградата на булеварот Цар Лазар 7, се качиле на последниот 17 кат, ја скршиле стаклената врата и влегле на покривот, а потоа заедно скокнале во смрт, а според зборовите на станарите на повеќекатницата, тие не им биле соседи.

Телата на двајцата млади се испратени во Институтот за судска медицина, каде ќе се врши обдукција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ