Тој веднаш бил пренесен во болница, но им подлегнал на повредите. Ренџерс објави соопштение за овој случај.
„Скршени сме од веста дека еден од нашите навивачи го загуби животот во сообраќајна несреќа во Истанбул. Нашите мисли се со неговото семејство и пријателите во овие исклучително тешки моменти. Клубот останува во постојан контакт со турските и британските власти во врска со овој трагичен инцидент“, напишаа од шкотскиот тим.
Челниците на Фенербахче исто така упатија сочувство.
„Со длабока тага ја примивме веста дека навивач на Ренџерс, кој допатува во Истанбул за да го поддржи својот тим, трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа. Нашето искрено сочувство до неговото семејство, Ренџерс и нивната заедница“, беа зборовите на Турците.
Се работи за навивачот Кристофер Потер кој имал 40 години.