Од поодамна се шпекулира за заминување на Барди од Трабзонспор, голема е веројатноста тоа да се случи наредниот месец.
Турскиот медиум „Фанатик“ тврди дека Барди е еден од шестте фудбалери кои треба да си заминат од клубот.
Покрај него Трабзон сака да ги продаде и Филип Бенковиќ, Жоакин Фернандез, Димитрос Курбелис, Умут Бозок и Јенс Стигер Ларсен.
Последно Барди се поврзуваше со Унион Берлин, германскиот тим сега е предводен од Ненад Бјелица кој му беше тренер на македонскиот фудбалер во Трабзонспор.