Минатото лето, неколку клубови пројавија интерес за услугите на Езгјан Алиоски, еден од нив беше Трабзонспор, но на крајот, Македонецот реши да оди на печалба во Саудиска Арабија.
Една година подоцона, Езгјан Алиоски одново е на радарот на Трабзонспор, кој сега може да му понуди и настап во Лигата на шампиони откако стигна до титуалта во првенството на Турција.
Трабзонспор сепак сега ќе има потешка задача бидејќи ќе треба да преговара и со Ал Ахли и да плати обесштетување за услугите на левиот бек.