Пред репрезентативната пауза се играше дербито меѓу Трабзонспор и Фенербахче кое го добија гостите со 3-2.
По крајот на натпреварот на теренот влегоа домашни навивачи и ги нападнаа фудбалерите на Фенербахче. Поради големиот инцидент овој клуб размислуваше и за напуштање на лигата, но денеска беше соопштено дека тоа нема да се случи.
Турската фудбалска федерација денеска ги одреди казните за овој шокантен инцидент.
Трабзонспор во наредните шест домашни натпревари ќе игра пред празни трибини, а притоа ќе плати и парична казна од 100.000 евра.
Помошниот тренер на Трабзон, Егемен Коркмаз кој се обиде да нападне неколку играчи и членови на Фенер, помина добро, само со еден меч суспензија.
Што се однесува до Фенербахче, се очекуваше казна за Осаи Самуел кој се тепаше со хулиганите на теренот, но неговата борба е окарактеризирана како самоодбрана.
Суспендирани се Остерволде и Егрибајат, кој добија по еден меч суспензија поради тепачка со навивачите. Нивната битка не се смета за самоодбрана.