сабота, 27 јули 2024

Товарен брод удри во мост во Кина. Автомобили и автобус паднаа во реката (ВИДЕО)

Утрово во кинескиот град Гуангжу, товарен брод удри во мост, при што во реката пропаднале пет возила; вклучително и јавен автобус.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Државните медиуми наведуваат дека во несреќата загинале две лица, а уште три се водат за исчезнати.

На снимката од местото на настанот се гледа скршен дел од мостот и товарен брод под него. Инцидентот се случил во 05:30 часот по локално време. Властите го приведоа капетанот на бродот и ги евакуираа луѓето што живеат во близина.

„Во октомври 2021 година, провинциските власти ја утврдија потребата од зајакнување на мостот, што вклучуваше изградба на структури за избегнување судири со столбовите на мостот. Досега, рокот за завршување на работата бил продолжен три пати“, објави кинеската државната телевизија ЦЦТВ, како што јави Би-би-си.

Гуангжу се наоѓа на делтата на Бисерната река и е едно од најпрометните пристаништа во Кина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ