Тотнем ја продолжи одличната форма, ги освои трите бода од гостувањето кај Лутон и покрај тоа што уште во првото полувреме остана со играч помалку.
Во судиското продолжение од првиот дел, Бисума заработи втор жолт картон и беше исклучен од игра. Резултатот по првото полувреме беше 0-0.
По седум минути игра во вториот дел, по една одлична асистенција на Медисон, Ван де Вен постигна гол за победа на Тотнем од 1-0.
Лутон со сите сили напаѓаше да изедначи, но домаќините не беа ефикасни во финишот од акциите.
Тотнем со овие три бода се качи на врвот во Премиерлигата. Таму може и да остане доколку нема победник на дербито меѓу Арсенал и Манчестер Сити.