сабота, 27 јули 2024
Премиерлига

Тотнем се врати од два гола негатива против Манчестер јунајтед, Кејн и Сон како Лампард и Дрогба (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Тотнем и Манчестер јунајтед одиграа 2-2, гостите на пауза заминаа со предност од два гола, но домаќините се вратија во игра во продолжението од мечот.

Санчо го отвори резултатот во 7. минута, одлично пласираше во долниот агол за 0-1. Пред крајот на првиот дел, Рашфорд доби топка во фор и го матираше Форстер за 0-2.

По десетина минути игра во второто полувреме, Поро убаво закачи еден полуволеј и намали на 1-2, за во 79. минута Кејн да го проигра Сон за 2-2.

Со ова беше изедначен рекорд на Лампард и Дрогба во Премиерлигата, Англичанецот 24 пати му асистираше на својот соиграч за гол, сега и Кејн му има 24 пати асистирано на Сон.

На останатите денешни натпревари, Њукасл со 1-4 славеше на гостуавњето кај Евертон и сигурно чекори кон Лигата на шампиони, Саутемптон пак е се поблиску до пресебла во втора лига откако со 0-1 загуби дома од Борнмут.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ