понеделник, 28 октомври 2024
Премиерлига

Тотнем нареди три победи, Лутон го шокираше Њукасл (ВИДЕО)

Тотнем нареди три победи откако попладнево со 2-1 го совлада Евертон, Лутон го шокираше Њукасл и славеше победа од 1-0.

Објавено на

часот

Сподели

„Спарси“ се вратија во топ четири на табелата, избраниците на Постекоглу прокнижија нови три бода откако славеа во пресметката против Евертон.

Ришарлисон го отвори резултатот во 9. минута, а десетина минути подоцна веќе беше 2-0, Сон стрелаше прецизно и ја дуплираше предноста на домаќините.

Евертон намали на 2-1 во 82. минута, Гомеш погоди и ја врати неизвесноста. Гостите во финишот лесно можеа да стигнат и до бод, милиметри ги делeа од нов гол, но топката од пречката заврши во ногата на голманот Викарио, па Тотнем на крајот се радуваше на третата победа во низа.

Њукасл влезе во криза откако по елиминацијата во Лигата на шампиони и Лига Купот, беше изненаден на гостувањето кај Лутон.

Таунсенд на асистенција на Баркли донесе 1-0 за новајлијата во Премиерлигата и важни три бода во битката за опстанок.

До големи три бода стигна и Барнли со триумф од 0-2 над Фулам, а Борнмут во последните мигови стигна до победа од 2-3 против Нотингем Форест.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ