сабота, 27 јули 2024
Може да стане еден од најплатените во Премиерлигата

Тотнем на Кејн му нуди фантастични 400.000 фунти неделно за да го одбие Баерн

Објавено на

часот

Сподели

Хари Кејн има само уште една година од договорот, неколку клубови внимателно ја следат неговата ситуација а Баерн Минхен е тој кој прави најконкретни чекори.

Се верува дека „баварците“ веќе се имаат договорено со напаѓачот, но тешко им одат преговорите со Тотнем, клубот од Северен Лондон веќе одби две понуди.

„Спарси“ не сакаат да се откажат од својата најголема ѕвезда, и како што пренесува новинарот Мет Лоу од Телеграф, Даниел Леви му нуди богатство на Хари Кејн за да го одбие Баерн Минхен и да остане.

Тотнем е подготвен да го направи голгетерот еден од најплатените во Премиерлигата и да му даде плата од околу 400.000 фунти неделно доколку остане верен и стави потпис на нов договор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ