Манчестер јунајтед уште еднаш разочара пред своите навивачи, попладнево Тотнем прелесно го освои Олд Трафорд.
Гостите поведоа веќе во 3. минута, Ван де Вен пресече една топка на својата половина, тргна во напад, никој од домашните дефанзивци не го сфати сериозно, па дефанзивецот убаво продре и му асистираше на Џонсон за рутинска завршница и 0-1
Пред финишот на првиот дел, Фернандеш доби директен црвен картон па „ѓаволите“ во продолжението играа со играч помалку и драстично им се намалија резултатите за добар резултат.
А „спарси“ не дозволија ништо на случајноста, па веќе на стартот на вториот дел зголемија на 0-2, Кулушевски го матираше Онана за нова радост.
Конечните 0-3 беа поставени во 77. минута, Соланке се запиша во листата на стрелците, а гостинските навивачи се мајтапеа со Ерик тен Хаг и му пееја: „Утре наутро ќе добиеш отказ“.