Во првото полувреме Тотнем не беше на нивото од претходните мечеви, не упати ниту еден удар во рамките од голот. Поведе во второто полувреме, но и тогаш не шутна на голот. Во 53. минута Ворд си постигна автогол за предност на Спарси.
Течеше 66. минута кога по една прекрасна акција, Сон даде гол за водство на Тотнем и од 2-0. Тука веќе беше јасно кој ќе биде победникот на овој дуел.
Во четвртата минута од судиското продолжение Ајев постигна почесен гол за Кристал Палас за конечни 2-1. Погодокот беше контроверзен поради игра со рака на стрелецот на голот.