сабота, 27 јули 2024

Тоти се враќа меѓу „аѕурите“ за Евро 2012

Објавено на

часот

Сподели

Иконата на Рома, кој во саботата го мина легендарниот Гунар Нордал на вечната листа на стрелци, признал дека е можно повторно да го облече дресот на националниот тим со кој во 2006 година стана светски првак во Германија. Од победата во Берлин, Тоти нема играно за Италија, која има два очајни настапи на големите натпреварувања – Евро 2008 и СП 2010.

Селекторот на „аѕурите“, Чезаре Прандели обелодени дека 35-годишниот напаѓач е под посебен скенер за место во тимот, ако ја задржи формата и силата на крајот на сезоната.

„Националниот тим? Никогаш не вели никогаш. Да видиме што ќе биде во мај. Јас сум почестен што Прандели смета на мене, бидејќи имаме одлични односи. Ми кажаа е одличен како тренер и дека направил големи работи за националниот тим“, рекол Тоти за АНСА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ