сабота, 19 октомври 2024
Министерот побара брза разрешница на случајот

Тошковски за инцидентот со полицајците: Осудувам насилство, а особено кога e од вработен во МВР

Во однос на инцидентот што се случи изутринава пред угостителски објект на територија на СВР Скопје, а во кој биле инволвирани полициски службеници, сакам да ја известам јавноста дека најостро осудувам секаков вид насилство, а особено кога тоа е сторено од вработени во Министерството за внатрешни работи, напиша на социјалните мрежи министерот за внатрешни работи во техничката влада Панче Тошковски, кој е кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„За наведениот настан веднаш е известен надлежен јавен обвинител кој даде насоки по кои во моментов се постапува, а од страна на надлежните служби во министерството побарав максимално професионално и согласно стандардните оперативни процедури да се постапи, со цел во најбрз можен рок да се расчисти овој случај, а за исходот од преземените дејствија веднаш ќе биде известена јавноста“, напиша министерот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ