сабота, 27 јули 2024

Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во Македонија во најкраток рок

Љупчо Палевски ќе биде естрадиран во најкраток рок, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски откако Министерството за правда соопшти дека е одобрена екстрадицијата од турските власти, а Јавното обвинителство информира дека за екстрадицијата надлежно е Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

„Од Секторот за меѓународна полициска соработка ја добивме информацијата дека е одобрена екстрадицијата за предметното лице. Нашите полициски службеници се во комуникација со турските колеги и се очекува во наредниот период да утврдат сѐ што е потребно од аспект Палевски, лицето кое е во прогон од страна на Обвинителството на РМ, да биде изнесено пред лицето на правда“, изјави Тошковски.

Љупчо Палевски Палчо во Македонија е осомничен за двојно убиство, на 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски.

Палевски е во бегство од крајот на ноември минатата година. Убиството на Вања Ѓорчевска беше извршено по нејзино грабнување додека одела во училиште. Таа беше ликвидирана во близина на Скопје.

За убиствата се осомничени уште 4 лица меѓу кои и таткото на убиената Вања, кој минатата недела беше пуштен во домашен притвор.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ