„Од Секторот за меѓународна полициска соработка ја добивме информацијата дека е одобрена екстрадицијата за предметното лице. Нашите полициски службеници се во комуникација со турските колеги и се очекува во наредниот период да утврдат сѐ што е потребно од аспект Палевски, лицето кое е во прогон од страна на Обвинителството на РМ, да биде изнесено пред лицето на правда“, изјави Тошковски.
Палевски е во бегство од крајот на ноември минатата година. Убиството на Вања Ѓорчевска беше извршено по нејзино грабнување додека одела во училиште. Таа беше ликвидирана во близина на Скопје.
За убиствата се осомничени уште 4 лица меѓу кои и таткото на убиената Вања, кој минатата недела беше пуштен во домашен притвор.