Министерот Тошковски посочи дека со капацитетите со кои располагаат министерството, но и поставувањето на камери во иднина ќе се подигне степенот на безбедност кај граѓаните.
„Добар дел од оние кои правеа ваков тип на кривични дела во минатото се откриени, се расветлени дел од тие случаи. Секако со подигањето на капацитетите на МВР во делот на видео надзорот кој го имплементираме и поддршката од страна на општините ќе го подигне степенот на безбедност. И во иднина сум сигурен дека со зголемување на овие капацитети посоодветно ќе може да одговориме на сите предизвици. Ако можеме да разбиеме само во една акција и да расветлиме осум убиства кои претходно не ги расветлиле 30 години сметам дека ќе одговориме соодветно и на таквите прекршоци“, изјави Тошковски.
Минатата година во Штип во рок од два месеци беа запалени четири автомобили меѓу кои и возила на новинар и на поранешниот началник на СВР Штип.
Тошковски денеска беше во денеска бил во посета на СВР Скопје каде им врачи решенија на новите полициски службеници кои досега беа приправници и се распоредени во рамките на најголемиот сектор за внатрешни работи – Скопје.
„Деведесет и осум нови колешки и колеги ќе ја имаат честа да работата за безбедноста на своите граѓани во рамките на организациските единици кои ги покрива СВР Скопје. Им честитав уште еднаш на одлуката за избор на полициската професија, која е тешка, но пред се благородна мисија да работат за своите граѓани и безбедноста на својата татковина. Полициската професија не е само избор, не е само професија, туку повик, завет, кој секој еден млад полицаец го прифаќа со цел да ги чува своите блиски, своите граѓани, својата татковина безбедни и сигурни, што се предуслови за напредокот и благосостојбата на една држава, едно општество“, потенцира министерот Тошковски.
Министерот Тошковски со раководството на МВР изрази поддршка во обезбедување на добри услови за работа, постојани едукации, со цел на исполнување на врвниот приоритет за кој постои институцијата, а тоа е обезбедување на безбедноста на граѓаните.