Тој објасни дека тоа е со цел воспоставување на оперативна поставеност која ќе овозможи целосна непристрасност, со полициски службеници кои немаат никакви лични или професионални релации со средината која беше погодена од страшната трагедија во која животот го загубија 59 луѓе, а околу 200 се повредени.
Tошковски: Смени во раководствата на СВР Штип и ОВР Кочани за да се обезбеди непристрасна истрага
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во изјава за медиумите изјави дека со цел обезбедување на ефикасна и независна истрага за трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани е донесена одлука за разрешување на раководните лица на локалната полиција во ОВР Кочани и СВР Штип и нивна замена со полициски службеници од Скопје.

Објавено на
часот