четврток, 12 декември 2024

Тошковски – Ридли: Заеднички интерес на Македонија и Обединетото Кралство е борбата против организираниот криминал

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска имал средба со делегација на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска предводена од државниот секретар за внатрешни работи при Владата на Обединетото Кралство, Симон Ридли и британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон.

Објавено на

часот

Сподели

„На средбата беше истакната досегашната соработка помеѓу двете страни во борбата против сите видови криминал, посебно против илегалната миграција и транснационалниот организиран криминал, а посебен акцент беше ставен на капацитетите и заедничкиот одговор против криминалот кој не познава граници“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

На средбата министерот и државниот секретар потпишале изјава за соработка на двете министерства во борбата против организираниот криминал, со која, како што наведува МВР, „се потврдува важноста на билатералните односи и заедничкиот интерес за блиска соработка во борбата против сериозен организиран криминал, со цел заштита на граѓаните на двете земји“.

„Двете страни ги анализираа и очекувањата и предвидувањата за тековите на илегалната миграција во блиска иднина со акцент дека граничната безбедност треба да биде заеднички приоритет“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ