вторник, 18 март 2025

Тошковски почна со чистка во МВР, разрешени се 7 началници и командири

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска донесе неколку одлуки за разрешување на началници, помошници на началници и командир на полициска станица во Штип и Кочани. Сите овие одлуки се поврзани со несреќата во Кочани и загинувањето на 59 лица во големиот пожар во дискотеката „Пулс“.

Објавено на

часот

Сподели

Разрешени се началникот на Сектор за внатрешни работи Штип, помошник началник на СВР Штип, началникот на Одделение за полиција Штип, началникот на Одделение за криминалистичка полиција Штип, началникот на Одделение за внатрешни работи Кочани, командирот на полициската станица од општа надлежност во Кочани и началникот на Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани.
Во текот на денот се очекуваат повеќе детали за овие одлуки на Тошковски.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ