сабота, 27 јули 2024

Тошковски побара од Словенија да ја продолжи обуката на македонските хеликоптерски единици

Нашата држава на систематски начин се вклучува во процесот на изнаоѓање одговор во рамки на европскиот глобален пристап за справување со регуларни и ирегуларни миграции при што остануваме посветени на заедничката соработка во борба против криумчарењето мигранти, истакна техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски во своето обраќање на министерската конференција на Брдо процесот кој се одржува во Крањ, Словенија, соопшти МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Тошковски, кој веќе втор ден присуствува на министерската конференција во Крањ, како што информираат од МВР, на маргините на конференцијата остварил билатерална средба со словенечкиот министер за внатрешни работи Боштан Поклукар на која се разговарало за неколку прашања од заеднички интерес на двете држави.

„Од министерот Поклукар побарав да продолжи соработката во делот на обуките за хеликоптерските единици, а воедно ја истакнав и потребата од интензивирање на процедурите за меѓусебно признавање на возачките дозволи. На крајот се заблагодарив за разбирањето што го има Словенија за проблемот со патните исправи, како и за силната поддршка што ни jа дава на патот кон нашето полноправно членство во Европската Унија“, потенцирал Тошковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ