петок, 26 јули 2024
Министерот најави

Тошковски: Отсега за еден ден термин за пасош по итна постапка

„Реорганизацијата и зголемувањето на капацитетите во делот на управните служби дава резултат. Повеќе нема чекање со месеци за фотографирање за пасош по итна постапка во Скопје и од денес граѓаните кои ќе побараат термин, ќе го добијат за истиот или наредниот ден“, објави утрово министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. 

Објавено на

часот

Сподели

Инаку, термин за фотографирање и плаќање за пасош по итна постапка пред „пасошката криза“ се одобруваше веднаш, а пасошот се подготвуваше и се добиваше за два – три дена.

Таквата услуга, по итна постапка да се добие пасош, се наплаќа 6.100 денари, наспроти „редовниот“ пасош, за кој се плаќаат 2.000 денари.

Но „итниот“ пасош ја загуби својата смисла во изминатите месеци кога иако ќе се платеа 100 евра (6.100 денари), за добивање се чекаше и до три недели, што за некои граѓани претставуваше загубени пари и нерви, бидејќи можеби биле спречени да отпатуваат надвор од Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ