сабота, 27 јули 2024

Тошковски очекува мирен изборен ден иако тврди дека техничката Влада работи незаконски

Гледаме да дојдеме на некоја максимална бројка од 3.300 пасоши коишто би се печателе на дневна основа, тоа е максимална бројка ако печатиме пасоши без да има никаков застој во текот на денот. Тоа значи, да почнат со работа од 6 часот наутро и да работат до 22 часот навечер, тоа значи дека два часа дневно е зголемен капацитетот на печатење, вели Панче Тошковски, министер за внатрешни работи во техничката Влада.

Објавено на

часот

Сподели

Тошковски во интервју за МИА проценува дека вкупниот број на лични документи којшто се потребни да се заменат е околу два милиони и посочува дека очекува да се дојде до бројка од околу 75.000 месечно што е максималниот капацитет.

„Сега да не се правиме ние дека сме не знам што, но, сето она време кое што можам да го дадам за да подобриме нешто во процесот во наредниот период којшто ни останува, 70 и некој ден до избори, па и она време по избори, ќе го дадам. Овој процес нема да застане. Некаде од прилика бројката која што во континуитет ја имале како бројка за пешатење во МВР е околу 50.000 пасоши на месечно ниво. Бројката која што сакаме да ја достигнеме, реална бројка, е некаде околу 75.000 пасоши на месечно ниво“, вели Тошковски.

Презакажувањето, појаснува Тошковски, ќе се прави така, што на 20 дена ќе се прави прочистување на списоците. Тоа значи дека ако претходно некој имал термин 15 декември сега ќе има термин крај на април.

„Од 1 мај сега се дојдени мислам до август. Како што се ослободуваат овие термини така се пополнуваат термини заклучно со април“, појаснува Тошковски.

Во однос на „Сваровски списокот“ Тошковски вели дека истрага имало и ќе има, како и дека треба да има истраги кои се надева дека ќе ја утврдат фактичката состојба.

„Во однос на Сваровски списокот како што го кажа вицепремиерот Битиќи јас сум сигурен дека човекот беше малку во заблуда кога зборуваше. Народот многу добро гледа како треба да се работи, а како не требало да се работи претходно. И ќе си ја даде својата оценка на 8 мај за тоа од аспект на политичката одговорност што сите овие експерти од областа од позиција на функција многу лесно именуваат и употребуваат такви термини во насока на политичко манипулирање и во насока на растурање на пердуви“, вели Тошковски.

Соработката со дополнителниот заменик-министер Митко Бојмацалиев, Тошковски ја оценува како коректна, за разлика од, како што вели незаконитоста во работењето на Владата.

„Нормално е да имаме несогласувања за одредени теми од аспект дали јас имам право сам да потпишувам или тој смета дека немам право да потпишувам – тоа е најнормално, но имаме коректна соработка и се надевам дека истата ќе продолжи така. За разлика од коректната соработка со дополнителниот и заменикот, морам да изразам огромна загриженост за незаконитоста во работењето на Владата заради тоа што Владата е таа која што треба да пресече и сите одлуки коишто ги носи ги носи незаконски“, тврди Тошковски.

Техничката влада, според Тошковски, функционира катастрофално, укажувајќи дека основните законски обврски кои што треба да ги почитува, не ги почитува. Тој како пример го истакнува тоа што не му беше доволено да постави дополнителен началник на СВР Тетово којшто ќе биде по избор на Тошковски.

„Тоа е прв факт кај што направиле катастрофален фаул и за којшто детално ги информирам сите претставници на меѓународна заедница и истите морам да кажам дека изразуваат огромна загриженост за демократскиот капацитет на оваа држава во делот на спроведување на фер и демократски избори“, изјави Тошковски.

Најголем проблем, подвлекува тој, е тоа што Владата преземаа обврска формално правно да образложи зошто го направи тоа, а веќе месец дена нема никакво образложение.

„Не име и презиме, туку позиција началник на СВР Тетово не ми е дадена мене, а позиција дополнителен началник на СВР Тетово не му е дадена ниту на дополнителниот заменик министер – не ми е јасно како одлуката е донесена од страна на Владата и зошто до ден денеска немам правно образложение“, вели Тошковски.

Тој очекува мирен изборен ден како што „доликува на една европска земја“ и верува дека сите ќе дадат максимум и оти овој процес на фер и демократски избори на денот на гласањето ќе се истера како што треба.

„Сакам да верувам дека сите луѓево МВР заедно со мене ќе дадеме максимум и дека овој процес на фер и демократски избори на дента на гласањето ќе се истера како што треба, како во прв круг претседателски, така и во втор круг претседателски заедно со парламентарните ибори“, вели Тошковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ