сабота, 27 јули 2024
Ставови на министерот

Toшковски: Нема „фаул“ ако се продолжи важноста на пасошите, правото го кршат само Македонија и Грција

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски преку гостување на Канал 5 телевизија, повторно ги повика пратениците од СДСМ и од ДУИ да го изгласаат Законот за патни исправи за да се продожи важноста на пасошите со името Република Македонија до крајот на годината. Има правен основ, вели, а луѓето од другите „фели“, како што нагласи, ги повика да не се мешаат во правото затоа што овде нема „фаул“ освен што има мака за граѓаните.

Објавено на

часот

Сподели

„Барам разумност, нека го сменат законот, само за 10 месеци, не велам за повеќе, нема да го кршиме меѓународното правото, а сега, само ние, Македонија и. секако Грција, го кршат меѓународно право“, рече Тошковски.

Според него, фотографирани граѓани кои не добиле патна исправа се околу 105 илјади, како што рече, тие кои се фотографирани заклучно со денеска, би ги добиле пасошите ако оди динамиката како што треба, ќе ги добијат максимум за месец и половина. Во овој момент, Тошковски информира, на активниот телефонски број за закажување за вадење нови лични документи има 75.000 нови закажувања за фотографирање. Додава и дека во текот на изминатите денови се направени презакажувања за дополнителни 56.000 лица кои претходно имале закажано термин за фотографирање за во јуни, јули или август.

Во однос на проблемот со патните исправи, како што наведе, за здравствени случаи, „за не дај Боже случаи“ каде има потреба од итност, луѓето можат да исконтактираат со неговиот и со кабинетите на дополнителниот заменик министер или на заменикот. Со соодветна комуникација за тие луѓе секогаш ќе се обезбеди пасош и затоа секогаш оставаме одредена бројка од илјада или две илјади зависи од тоа колку обрасци имаме, наведе Тошковски.

Прашан за тоа дали постојат „свароски“ списоци за фотографирање за пасоши, Тошковски одговори дека за ова прашање треба да се прашаат дополнителниот и заменикот министер во МВР. Јас, што рече, ќе си ќутам на ова прашање.

Тој говореше и за загриженоста, како што рече, од страна на меѓународни партнери за проблемот со патните исправи, кои биле истакнати и на состанокот којшто го одржа Комитетот за патни исправи на Европската комисија.

„Официјалниот допис по одржаниот состанок на 13.02.2024 година гласи: „Земјите членки изразуваат разбирање за прашањето и волја за надминување на проблемот преку изнаоѓање на практично решение во најкус можен рок. Претставникот на еден од директоратите повтори дека на одржаниот состанок на Комитетот за патни документи било докажано разбирање и флексибилност меѓу земјите членки во однос на техничката природа на прашањето. Со оглед дека само Грција ги известила дека не ги прифаќа пасошите со старото име на државата, во принцип тоа би значело во моментот граѓаните на Македонија можат да влегуваат и излегуваат во други земји членки на ЕУ, но со укажување дека конечната одлука за прифаќање на старите пасоши на самата земја членка на ЕУ“, цитира Тошковски.

На новинарско прашање дали има чувство дека ја има контролата во МВР, техничкиот министер за внатрешни работи истакна дека позицијата на технички министер е малку нелагодна затоа што, како што рече, мојот потпис е врзан со потпис на дополнителен заменик – министер.

За соработката со Митко Бојмацалиев, дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи во техничката влада, Тошковски потенцира дека нормално е да се соработува посебно во позиција кога прва и основна цел треба да ни е дека ќе имаме мирни и фер деморкаткси избори. Тука треба да сме посветени и фокусирани и на сите средби што ги имаме изминатиот период со сите амбасадори и со овластени претставници на ОБСЕ на ОДИХР сме заедно. Тие се поканети на сите средби што ги имам со сите наши пријатели од меѓународната заедница, кабинетите комнуиицираат и нивна е одлуката да ќе дојдат на одреден состанок со амбасадори или не, рече Тошковски.

Техничкиот министер даде и оценка дека во МВР има професионалци кои си ја работат работата и кои си ја сакаат Македонија.

„Имав погрешно мислење, и јас верував дека се лоши состојбите и партизирани. Ама признавам, за овие три недели на функцијата, научив дека во МВР има професионалци кои ја знаат работата, кои се чесни и посветени на работата и на својата држава“, рече Тошковски.

Прашан дали има интерес да остане на оваа позиција и по изборите ако победи ВМРО-ДПМНЕ, Тошковски одговори дека адвокатурата е негова животна љубов, но од друга страна, подвлече, можноста да им помогнете на луѓето е уште поголема.

„ВМРО – ДПМНЕ ќе победи на изборите и сигурен сум дека ќе формира Влада и тоа на начин што врз основа на принципи и вредности да се даде максимум потоа, рече министерот за внатрешни работи Тошковски.

На прашањето ако услов за создавање Влада и тие да се изгласаат бидат уставните измени дали ќе биде за тоа  тој потенцира дека на средбите со сите амбасадори им вели дека најголема негова желба е да ја види Македонија како дел од семејството ЕУ, но и дека најмногу ги сака Македонија и народот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ