сабота, 27 јули 2024

Toшковски: Не сум задоволен од директорот на Бирото за јавна безбедност, но не можам ништо да сторам

Првиот човек на овој ресор објавува ексклузивни детали од доверливиот извештај за спроведувањето на операцијата за замена на личните документи и за одговорноста на раководни лица за големите пропусти.

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски не е задоволен од работата на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, но рацете му се врзани и не може да предложи кадровска промена на оваа позиција. Ова тој го изјави во поткастот на Плусинфо.

Министерот Тошковски детално ги објаснува причините за своето незадоволство од начинот на кој техничката влада на Талат Џафери ги комплицира односите во врвот на МВР.

Во разговорот, Првиот човек на овој ресор објавува ексклузивни детали од доверливиот извештај за спроведувањето на операцијата за замена на личните документи и за одговорноста на раководни лица за големите пропусти.

Како адвокат по професија и бранител на неколку случаи покренати од поранешното Специјално јавно обвинителство, Тошковски коментира како и зошто дојде до распад на македонското правосудство, но и за тоа како ќе изгледа правдата во Македонија ако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ