Дејан Етимов, досегашен главен советник во Одделението за прекршоци, е нов технички началник на СВР Струмица. Досегашниот началник Кирил Арапов е дополнителен началник на овој Сектор.
Решението за именувањето на Ефтимов го донел техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, согласно неговите ингеренци со кои може да изврши смени на 15 позиции во Министерството за внатрешни работи.
Инаку, денеска министерот Тошковски беше во посета на СВР Тетово.
„На состанокот министерот Тошковски побара од раководството на СВР Тетово во претстојниот период да се постапува максимално професионално, во рамки на утврдените правила и законски прописи со цел да се овозможи спроведување на мирни и демократски избори во кои секој граѓанин слободно ќе може да го оствари своето право.
Од страна на раководството на СВР Тетово беа презентирани информации за тековната работа на секторот и позначајните настани при што беше истакнато дека генерално безбедносната состојба на подрачјето кое го покрива секторот е стабилна.
Исто така, во однос на изборите кои што следуваат началникот на СВР Тетово истакна дека не треба воопшто да се доведува во прашање професионалноста на полициските службеници и дека ќе преземе се што е во негова надлежност со цел изборниот процес да помине во мирна и демократска атмосфера“, се велио во соопштението од кабинетот на министерот.