четврток, 20 март 2025

Тошковски најави проширување на истрагата за трагедијата во Кочани

Со истражната постапка што МВР ја спроведува во врска со пожарот во Кочани досега се опфатени вкупно 26 лица. Но, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска најави дека тоа не е конечна бројка, односно дека како ќе тече истрагата ќе биде покрената истражна постапка против секое лице за кое ќе биде утврдено дека со постапување односно непостапување придонело да биде сторено кривично дело.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

„За секој еден за кој ќе биде утврдено било какво дејствие со кое е сторено какво било кривично дело, без оглед дали за дејствие на презвземање или пропуштање, ќе бидат преземени соодветни постапки од МВР, во соработка и координација со надлежното Јавно обвинителство“, рече Тошковски.

Тој рече дека во врска со конкретниот кривичен настан што се случи во Кочани се разгледува огромна документација, во истрагата се вклучени голем број експерти, како од Обвинителството така и од истражните тимови на МВР.

„Списокот нема да биде затворен, согласно инидициите што секојдневно ги отвораме. Јавноста мора да знае дека уништувањето поврзано со корупција, непрофесионалност, незаконитост, во континуитет не има доведено каде и да копнеме, излегуваат трули работи“, рече министерот Тошковски.

Тој уште истакна дека со темелна истрага, со максимална посветеност ќе се работи за да се дојде до нормализирање на состојбите во сите области на општеството, со повикување на директна одговорност за секој субјект за кој биде утврдено дека е исполнител на кривично дело, независно дали до истото дошло со сторување или несторување, од аспект на дејствие.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ