вторник, 16 април 2024

Toшковски: Над 100.000 луѓе нема да може да гласаат заради „северна“!

Над 100.000 македонски граѓани нема да можат да гласаат на изборите. Ова е бројката на полнолетни граѓани на Македонија, кои немаат лична карта, а пасошот им е со старото име на државата, соопшти синоќа во гостување на Алфа министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Објавено на

часот

Сподели

Ова можеби и претставува обид за можен изборен инженеринг, што е и повеќе од очекуван, со оглед на рејтингот на власта што секојдневно е во слободен пад.

„Минимум над 100.000 граѓани, кои имаат важечка, односно неважечка патна исправа, со старото име, а немаат со новото, што има втиснат датум, заклучно со денот на изборите кои што заради овие 54-ца нема да може да го остварат своето право на глас. Срам да им е од прв до последен, особено на оние кои што се правници“, вели Тошковски.

Тој прави паралела на Македонија со Северна Кореја. Можеби само во овие две држави граѓаните не можат да ја напуштат својата држава, бидејќи власта одлучила дека нивните пасоши кои можеби траат уште 5, 6 или 7 години, да ги прогласи за неважечки- а не успеа да испорача нови, со новото име на државата.

„Само ние и Северна Кореја ги заробуваме нашите граѓани со издадени патни исправи на територија на овие две држави. Што е навистина страшно и навистина не можам логички да си објаснам како оние 54 пратеници од редовите на СДСМ и ДУИ гласаа против“, изјави Тошковски.

„Дополнителен проблем што фрла дамка врз предизборниот процес, па несомнено води кон заклучок за евентуален изборен инженеринг од страна на СДСМ и ДУИ, е што се уште не е формиран оперативниот штаб за изборите, обврска на директорот на БЈБ Сашо Тасевски. Тошковски вели дека повеќе пати го барал тоа од него, последен пат со назнака „веднаш“ на 27 февруари, но се уште нема одговор. Минатиот пат, за време на предизбборието пред претседателските избори, оперативниот штаб беше без проблем, навреме формиран. Зошто сега Тасевски тактизира, кога е јасно дека суштината на техничката влада е токму преку овој штаб, на терен, да обезбеди предуслови за мирни, фер и демократски избори.

Да беше ова нормална Влада директорот на веднаш побарано, наредниот ден немаше да биде веќе директор, зошто, затоа што ќе предложев да го разрешат веднаш. Но, во рамки на техничката Влада, такво право немам. Но, поради тоа на моја страна е македонскиот народ. На моја страна се македонските граѓани“, изјави Тошковски.

Инаку, во текот на февруари се пресакажани 125 илјади термини, односно граѓани кои требале да се фотографираат во текот на летото, добиле порака дека нивниот термин ќе биде порано од првично предвидениот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ