На средбата се разговарало за плановите и начините за продлабочување на полициската соработка преку склучување на Акциски план или програма за соработка помеѓу двете министерства. Во планот, ќе се ревидираат планираните и веќе започнатите активности и се планира отпочнување на нови, се вели со соопштението.
Министерот Тошковски на средбата упатил покана до новоименуваниот бугарски министер за внатрешни работи, Даниел Митов за официјална посета на Македонија и МВР, „посета која би била од силно значење за натамошно зајакнување на соработката во полето на безбедноста“.
„Двете страни изразија заеднички став дека од суштинско значење е да се продолжи да се работи на граничната и безбедносната соработка, релација која ќе придонесе и во надминување на предизвиците кои постојат меѓу двете страни“, соопшти МВР.