сабота, 27 јули 2024

Тошковски: МВР се соочува со опструкции од Владата, но ќе сториме сè за мирни избори

За министерот за внатреши работи Панче Тошковски сомнеж врз определбата за мирна и демократска изборна разврска фрла опструкцијата од Владата тој, заедно со дополниотелниот заменик министер,  да назначат началник и дополнителен началник на СВР Тетово кое го опфаќа полошкиот регион.

Објавено на

часот

Сподели

Сепак, рече Тошковски, МВР ќе стори сè да гарантира организирање на безбедни избори на кои граѓаните ќе можат слободно да го остварат своето право на глас.

Тој на денешната панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните ризици“ во организација на Институтот „ОХРИД“, рече дека Владата незаконски поништила негови акти и не му дозволила да назаначи началник на СВР Тетово.

„Значи овие како Влада не дозволија и тоа не само на мене, туку не му дозволија ниту на дополнителниот заменик министер. Не со име и со презиме, туку со работна позиција, не дозволија промена на систематизација, која ќе овозможеше поставување од моја страна началник, од страна на дополнителниот заменик – дополнителен началник кои што требаше да го гарантираат фер и демократскиот процес на територија на Тетово, Гостивар, Брвеница, Јагуновце и другите места“, изјави Тошковски.

Тој притоа додаде дека од Владата сѐ уште не добил правно образложение.

„Ми беше ветено дека ќе ми биде дадено правно образложение зошто Владата смета дека по закон го немам тоа право. Како министер и покрај тоа што се соочувам со сериозни опструкции од страна на Владата која незаконски поништи акти донесени од моја страна и не дозволи да назаначам началник на СВР Тетово, ќе сторам сè МВР да биде на висина на задачата и да гарантира организирање на безбедни избори на кои граѓаните ќе можат слободно да го остварат своето право на глас, потенцираше министерот Тошковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ