сабота, 27 јули 2024
Министерот во интервју за РСЕ

Тошковски: Ќе има засилено полициско обезбедување во Тетово и Гостивар

Сомнително е што СВР Тетово доби нов началник на неколку денови пред моето доаѓање на функција и Владата не дозволи да е сменет, тврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Со началникот се сретнале и добил гаранција дека ќе има мирни избори, но сепак засилено полициско обезбедување ќе има во Тетово и Гостивар.

Фото: Министерот на средба со раководството на СВР Тетово

Објавено на

часот

Сподели

Во гостување на Радио слободна Европа Тошковски вели дека суштински проблем е зошто токму владата флагрантно го крши законот и тоа Законот за влада особено одредбите кои се поврзани со изборите.

„И при тоа се дрзнува да не ми дозволи мене како министер кој е предложен од страна на опозицијата, да постави началник само на еден сектор за внатрешни работи, а тоа е СВР Тетово. При тоа да не му дозволи на дополнителниот заменик министер кој што доаѓа од редовите на СДСМ да постави дополнителен началник на СВР Тетово, кое што е надлежно да се грижи за безбедноста и за фер и демократски избори токму на реонот Тетово, Гостивар и околината“, вели Тошковски.

На прашањето зошто му е битна промена токму во СВР Тетово, министерот вели:

„За ВМРО ДПМНЕ е битно да се спроведува законот и сите да сме еднакви пред него. Сите да постапуваме согласно одредбите на законот. Принципиелен став на министер за внатрешни работи е да побара сите сектори да бидат гарантор за фер и демократски избори. Јас не го побарав само СВР Тетово, ги побарав и СВР Охрид, Битола Велес, Куманово и сите останати. Прашањето е зошто владата донесе таква одлука, само СВР Тетово да не биде дел од овој процес на фер и демократски избори. Зошто владата одлучи да го крши законот за влада, а при тоа не даде никакво правно образложение. На прашање од новинар, се дрзна да ги потцени граѓаните и рече дека тоа не било дискутирано на отворена седница на влада. Јас не побарав конкретно име и презиме, дополнителниот не побара конкретно име и презиме. Ние со заеднички потпис побаравме измена на систематизација. Каде е проблемот? Кога владата нема да ви дозволи конкретна позиција да јас променам началник, а дополнителниот да постави дополнителен началник, не може да не се сомневате дека станува збор за некоја сомнителна работа во најмала рака кажано“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ