вторник, 22 октомври 2024

Тошковски и Ангелов извршија увид на состојбата на терен на пожарот на Осоговските Планини

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска заедно со директорот на ЦУК Стојанче Ангелов изврши увид на состојбата на терен на пожарот во атарот на село Зеленград, пробиштипско.

Објавено на

часот

Сподели

Искрена благодарност до пожарникарите, доброволците и сите вклучени во гаснењето на пожарите за нивната несебична посветеност и храброст. Во постојана комуникација сме со нашите пријатели од странство со цел обезбедување дополнителна помош и ресурси за справување со оваа криза, објави министерот Тошковски на официјалната Фејсбук страница.

Ангелов, пак, истакна дека постојаната координација и комуникација со нашите пријатели од странство се остварува преку координација со ЦУК, со цел обезбедување дополнителна помош и ресурси за справување со оваа криза, согласно специфичноста и можностите на ситуацијата.

„При теренскиот увид на пожарите на отворено во Осоговските лланини, согласно големата фронтова линија на пожарот, беше евидентана благодарноста до сите ангажирани за гаснење на пожарите во нашата држава: до пожарникарите, доброволните ПП друштва и доброволците, мештаните, а и домашните воздухопловни сили на ДЗС и МВР, а секако и до помагателите за и од земја и од воздух пристигнати ПП сили од земјите на Европската Унија, како и до сите вклучени во гаснењето на пожарите за нивната несебична посветеност и храброст. Променливото време, денеска донесе некаде дожд, но ретко на просторот каде што се планинските пожари на отворено“, наведе Ангелов.

Претходно, пак, Ангелов информираше дека пожарот во охридското село Косел повторно се реактивирал. Тој утрово рече дека пожарот кај Косел е под контрола и има горење само во еден дел, но поради силниот ветер, како што вели, пожарот избегал од контрола и покрај тоа што 100 лица работат на гаснење на пожарот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ