сабота, 27 јули 2024
Изјава на министерот за надворешни работи

Тошковски го прекрши Законот за класифицирани информации, вели Османи

Во интервју за Гласот на Америка, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на прашањето за различните информации што граѓаните ги добија од МНР и од МВР е за тоа во кои земји од ЕУ може да се патува со стариот пасош, изјави дека министерот за внатрешни работи (Панче Тошковски, н.з.) го прекршил Законот за класифицирани информации и дека МВР треба да се реорганизира.

Објавено на

часот

Сподели

„Министерството за надворешни работи е во постојана комуникација и со Европската Унија и со земјите-членки, со цел точно информирање на граѓаните кои се условите за патување. За жал, имавме прекршување на законот за класифицирани информации од страна на министерот за внатрешни работи, којшто објави документ за ограничена употреба, со што директно ја нарушува довербата на европските институции кон нашите дипломатски претставништва во комуникација со нив, и тоа е казниво со закон, и е жално што институциите и политичарите, односно функционерите кои се одговорни за почитување на законите ги прекршуваат и директно го нарушуваат имиџот на државата. Мислам дека е многу важно МВР да се реорганизира“, изјави Османи за Гласот на Америка на македонски јазик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ