четврток, 30 мај 2024
Доцнењето на личноте документи како повод

Тошковски до Бојмацалиев: Да не се расфрламе со пердуви

Застојот со издавањето пасоши се должи на претходното раководство, реагира техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната изјава на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, кој рече дека благодарение на „реформите“ на тхничкиот министер издавањето на лични документи го проби законскиот рок за над 100 илјади граѓани, нагласувајќи дека пред техничката влада на документи се чекало 15 денови.

Фото: МВР - Тошковски во Марова Нога

Објавено на

часот

Сподели

Техничкиот министер Панче Тошковски вели дека 30 илјади обрасци за пасоши вчера стигнале во Македонија, но за застојот вината ја насочи кон претходното раководство на МВР.

„Доколку претходниот менаџмент на МВР обезбедел најмалку уште две три -три машини, кои ќе можеа да принтаат, не по 3 илјади, туку по 6 илјади патни исправи на ден, во тој случај немаше да се чека по два месеци, туку ќе се чекаше многу пократко. Но фактот е таков каков што е. Би ги замолил сите политичари во наредниот период да не расфрлаат пердуви и да не ја манипулираат јавноста“, реагираше министерот Тошковски.

Инаку, Тошковски денеска беше во посета на полициските станици и одделенија во Ресен и на граничниот премин Маркова Нога.

„Пплициската станица за граничниот премин Маркова Нога покрива дел од јужната гранична линија кон Грција каде не се забележува прекуграничен криминал и илегална миграција и бев запознаен дека веќе е започнато спроведувањето на заеднички проект со Грција во рамки на развивањето на прекуграничната соработка кој опфаќа отворање на граничен премин кој ќе биде од значење за развивање на туризмот во овој дел, а финансиски е поддржан од ИПА“, изјви Тошковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ