Министерот рече дека полицијата продолжува со прибирањето на информации. „Повредени се повеќе од 20 малолетни лица и тројца починати малолетни лица. Во дискотеката имало 500 лица, а продадени биле 250 билети. Најголем број од жртвите се иднетификувани, сите тела се извадени од дискотеката, а во критична состојба се 22 лица кои ќе бидат пренесени на лекување во Турција, Бугарија, Грција и Србија.
Одговорност ќе има за секој еден од корумпираните и неодговорните, кои имаат директно или посредно влијание на трагедијата“, изјави Тошковски.